Потоа чекаше начнатото, завиткано во тенко ткаено платно, да порасне или да збруни или да фтаса.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Го праша еден од работниците својот сосед, којшто се мачеше на слабата светилка на огнот, да вдене дебел конопен конец во тенка игла.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Водата што извира од ридовите, тук- таму, во тенок млаз се слева во бистри кладенци, кои служат за напојување на добитокот и перење на облеките на жителите, потоа подземно се спушта, дотекува до двете селски чешми.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Додека гостите, со помош на организаторот Ниротакис Алимакопулос, ги заземаа своите места крај масите, Ласте Думбаровски беше растрчан меѓу нив делејќи им најлонски кесиња на кои, од надворешната страна, веднаш под стилизираниот амблем на „Здравје“, беше напечатена негова фотографија, крупен портрет во погледот исполнет со грижа за здравјето на народот, а во секое кесе, во тенка лимена рамка со димензии 30Х30 сантиметри, беше сместена фотографија со мотив на трн, најчесто магарешки.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Снегот најпрвин се топи во тенки млазови а потоа во крупни парчиња, кои како огромен птичји измет, паѓа од гранките и тендите.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Но, Вера како тоа да ја крена, како да сфати дека состојбата на Ели е таква што ние двете со неа не можеме да ѝ помогнеме, стана брзо, ја завитка Ели во тенко ќебе, ја крена в раце и заедно потрчавме кон болницата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Што? Оној излет, кога таа косо сечена од дожд, исплашена и во тенка облека, трепетеше крај него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сето ова се случува во само една секунда од метражата на целиот филм.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само за миг, додека Милдред се устремува преку собата до телефонот, сенката што ја фрла некоја надворешна светлина низ венецијанерите од двокрилната застаклена врата од нејзината канцеларија прелетува, и тоа двапати, во тенки паралелни црти врз кривините на облото и во костум хармонично обружено сензуално тело на Џоан Крафорд и врз нејзиното вџашено, величествено, свесно, згрозено, но решително мирно лице.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На пример, има еден миг кон крајот на Милдред Пирс кој е краток, но од кој ти запира срцето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Милдред се појавува од својата замрачена канцеларија за да се соочи со Монте, кој, сега таа сфаќа, ја изневерил и ја банкротирал.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој ден од сѐ ми се гадеше, од водата и храната, од моето тело, од зборовите, и од воздухот, што со некаква одбивност го вдишував во тенки голтки и брзо го испуштав, и чекав колку што можев подолго до следното вдишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ме тресеше некоја чудна треска, во исто време и ме истоштуваше да не можам да останам будна, и ме протресуваше да не можам да заспијам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Писмото може и да се свитка во тенка спирална ролна, по обем и форма не многу различна од поголема игла за плетење, и како таква да се вметне во некоја од спојките на столот, на пример.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со чудесна моќ, успеваше обичното бело брашно да го претвори во послушно тесто кое го извиваше во тенки, проѕирни кори.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)