Го споменавме вокменот како gadget, развиен од Sony 1980. година и кој во технолошка смисла значи попрво деволуција отколку револуција; направата е неверојатно едноставна, бидејќи нема ниту звучник ниту приемник за програма, но земајќи го предвид текстот на Shukei Hosokava Дејството на вокменот (1984), вокменот парадигматично нè усмерува кон нова констелација на сингуларното, автономното, номадското и мобилното јас и кон неговата сраснатост со виртуелните машини.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
После седумдесеттина години од историјата на филмот, колку што ја делат Ворхоловата работа од овие пионерски обиди, неговите филмови, дури и со идентична содржина, добиваат сосема поинакви конотации, како кај Кле, кој откривајќи го детскиот цртеж, подигна еден вид симболизам на ново ниво.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ворхол во своите филмови непосредно се надоврзува на својот сликарски опус (како Фернанд Леже во „Механичкиот балет”,1924.) во естетичка, и како што видовме, во технолошка смисла, и на извесен начин го негира филмското наследство.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Уште како средношколец, дивеел по нашите улици со најновите автомобили, кои во тоа време, некаде 60-тите години, беа реткост во нашава државичка, па дијаната се сметаше за врвно достигнување во технолошките процеси.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)