На навалување на Началството од Потковицата и на Комитетот од Прилеп, и лично на војводите Петрета Ацев и Горчета Петров, бугарските воени власти го оволнија Петара, како хранител на помалите браќа, а тие, Началството, Комитетот и војводите, за да не се дозапусти сосема лозата Младенови и за да има навистина кој да се грижи за сираците, уште истиот ден го оженија со една Дамческа, со Калина Блажева Дамческа, која, пак, се учеше во француското Женско училиште во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Филмот Anemic-cinema, ни помага да ја поврземе идејата на писоарот од 1917 година како објект D’art, па според тоа може да се ужива во фалусоидниот предмет од 1951 година, наречен object dard-dard, што во францускиот сленг значи пенис.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И, повторно мора да се има на ум Дишановиот хумор. ANEMIC, што е дел од насловот, во францускиот јазик го среќаваме единствено како анаграм на зборот CINEMA.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сепак, реченицата може едноставно да биде преведена вака: Амбициозниот живее во Javeleu, а јас, јас живеев во спиралата. J’AVAIS L’HABITE има корен во францускиот глагол habite, „населување, домување”, веројатно како и англискиот израз „to have a habit“ (да се има навика).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бидејќи во францускиот јазик било која придавка може да стане именка со додаток на член, chaude може да биде и жешка жена. CHOU-FLEUR се поврзува со SOUFFLEUR што може да се раздели на sou-fleur, “цвет за паричка”, што би била проститутка. SERRE CHAUDE, жешка стаклена куќа, би претставувало бордел.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во овие тесни улици на „Сен Мишел“ бев со еден ој пријател кој намерно ме доведе овде за да се нагледам париски бизарности и да го почувствувам Ориентот во француската метропола.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во овој јануари во француската метропола, кај Версајските врати, се одржуваше Светска изложба на мебел, но таа не претставуваше настан за Париз осем за оние посебно заинтересирани за неа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бидејќи тогаш Татко ќе биде воведен во француското право, генералот Мортје дури ќе му подари неколку книги од областа на правото како Францускиот и Египетскиот граѓански законик, книги на Монтескје и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И не случајно во француската химна, која била прогласена за национална на 14 јули 1972 година се влезени четири стиха кои се повторуваат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Утринските часеви ми беа слободни и јас посетував курсеви по француски јазик во француската Алијанса.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Таа ни кажа дека во Париз постои една агенција која што посредува за работа о пер во француски семејства.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ги сопре, најпосле, стравот што во слепилото на ноќта го почуствуваа од можноста да удрат во француската војска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Силно ќе проникне во францускиот јазик и книжевност.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Неколку пати се обидов да го убедам да го смениме локалот, чисто за промена, ама бадијала: Лос Анџелес е огромен град на осамени луѓе, а во француската кафетерија Карло сите го познаваат - па зошто тогаш тој би се откажувал од таа удобна позиција на маалска икона?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
При ова, во ниеден момент не смее да се изгуби од предвид фактот дека Рембо говори за гласовите во францускиот јазик, Хлебников во рускиот, С.Маркус (претежно) – во романскиот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Католичката милосрдна сестра, Французинката Писи, која во Солун работела во француската болница и поради тоа контактирала со наши луѓе и ја познавала доста добро неиздржливата положба во која се наоѓало македонското население, во својот „Дневник“ се прашува: „До кога ќе оди така? Нема ли да се преполни чашата на горчината?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓу нив бил и Героги Манасов, а меѓу багажот бил и неговиот куфер.102 Ранетите 5-6 члена од посадата, биле пренесени во француската болница.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, тој случај бил повод гемиџиите посериозно да помислат околу персоналот, зашто, бидејќи берберницата се наоѓала во француското маало, во неа почесто наминувале странци.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Патем, зошто „Tumtum tree“ се сменило во „Arbre Tété“ во францускиот превод?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Постарата ќерка Блерина беше во француската гимназија во Ла Марас...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Објективно и не можеше да се најде никаква поврзаност со службувањата на Фетхи Окјар и некогашното татково службување во француската команда во Подградец.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На прагот стоеше градинарот Раиз со двете ќеркички за рака, петгодишната Јета и четиригодишната Дита. Од белите мермерни скали слезе сопругата Гзиме.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мајка се радуваше на средбата со својот постар брат Илјами, со својот полубрат Бубуш, ја запознаа неговата сопруга Афрдита, од славното семејство Упи (Ypi), ученичка во францускиот лицеј во Корча и дипломка во Италија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)