Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од терасата на хотелот „Златна јабука“ да ја понесе на раце до нивното гнездо во хотелскиот апартман, но во исто време и двајцата да бидат отмени гости по вариетеата на Сончев брег и Варна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Времето главно го минував во хотелската соба, сокриена со дебели, кадифени завеси - и зјапав во телевизорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Секое утро слегував во салата за појадок, земав кафе и пециво и се преместував во хотелското фоаје.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Беа мртви ладни во хотелската соба во Лос Ангелес. Рекоа дека мораат да размислат.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се сретнаа во хотелска соба во еден од поскапите хотели во градот - тој сакаше да делува великодушно, барем на првата средба.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Потем со трчање се вратив назад во хотелската соба, ја заклучив вратата и легнав да се одморам, не давајќи им можност на мислата и на чувствата, да ме налазат како мравки од чии полазии ќе страдав и ќе боледував.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тогаш, неочекувано, заѕвони телефонот во хотелската соба.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На меките фотелји во хотелскиот апартман.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Му изгледаше понижувачки неговото прво дете да се роди во хотелска соба.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во продолжение ви го пренесуваме списокот на најпознатите појавувања на Хичкок во сопствените филмови. Станар - во сцената во книжарата Хичкок е свртен со грб кон камерата; при апсењето тој е еден од многуте набљудувачи. Убиство (The Murder 1930) - се појавува на патот. Уцена (Blackmail 1929) - во метро чита весник додека од соседната клупа го посматра едно мангупче. Триесет и девет скалила (The Thirty-Nine Steps 1935) - оди преку улица. Млади и невини (Young and Innocent 1937) - на судската расправа тој е еден од фотографите. Госпоѓата која исчезнува (The Lady Vanishes 1938) - за момент се појавува на лондонската железничка станица. Ребека (1940) - стои покрај телефонска говорница од која се јавува Џорџ Сандерс. Дописник од странство (The Foreign Correspodent 1940) - на улица оди покрај Џоел Меккреј. Господин и госпоѓа Смит (Mr. and Mrs. Smith 1941) - на улица оди крај Роберт Монгомери. Саботер (Saboteur 1942) - крај една трафика. Сенка на сомнежот (Shadow of a Doubt 1943) - во партијата карти во возот тој има Full House. Чамец за спасување (Life Boat 1944) - неговата фотографија во профил се наоѓа во огласниот простор на веникот што го чита Вилијам Бендикс. Маѓепсаниот (Spellbound 1945) - излегува од лифтот во хотелот. Озлогласена (Notorius 1946) - на приемот истура чаша шампањско врз душекот. Случајот Парадин (Paradine Case 1947) - носи голема кутија од виолончело. Јаже (Rope 1948) - оди по обоените делови од улицата. 44 Margina #21 [1995] | okno.mk Во знакот на Јарецот (Under Capricorn 1949) - се појавува двапати; на приемот кај гувернерот, и на скалите на владината палата. Трема (Stage Fright 1950) - на улицата зјапа во Џејн Вајман. Непознати во возот (Strangers on a Train 1951) - влегува во возот и носи контрабас. Се исповедам (I Confess 1953) - минува на врвот на големото скалиште (на кое има, како што забележува Трифо, точно 39 скали!) Повикај У за убиство (Dial M for Murder 1954) - еден од учесниците на групната слика која Реј Миланд му ја покажува на Ентони Давсон. Прозорец кон дворот (Rear Window 1954) - во станот на музичарот го дотерува ѕидниот часовник. Држете го крадецот (To Catch a Thief 1955) - покрај Кери Грант, во автобус. Неволјите со Хари (Trouble with Harry 1956) - оди покрај местото кадешто Џон Форсајт се разделува. Човекот кој премногу знаеше (The Man Who Knew Too Much 1956, римејк на Хичкоковиот филм од 1934) - на плоштадот во Мароко. Погрешен човек (The Wrong man 1957) - Хичкок го раскажува прологот на филмот. Вртоглавица (Vertigo 1958) - преминува улица. Север-северозапад (North by Northwest 1959) - трча по автобусот кој му ја затвора вратата пред нос. Психо (Psycho 1960) - стои пред вратата на трговецот со недвижнини, кај кого е вработена Џенет Ли. Птици (The Birds 1963) - со две кучиња излегува од продавницата за животни. Марни (Marnie 1964) - од хотелската соба излегува во ходникот. Искината завеса (The Torn Curtain 1966) - во хотелскиот хол седи со едно дете во рацете. Топаз (Topaz 1969) - на аеродромот седи во инвалидска количка. Лудило (Frenzy 1972) - еден од посетителите при уводното предавање. Семеен заговор (The Family Plot 1970) - неговата сенка на прозорецот од канцеларијата за статистика на жителството. http://www.filmsite.org/hitchcockcameos.html Margina #21 [1995] | okno.mk 45 46 Margina #21 [1995] | okno.mkR.D. Laing е (анти)психијатар чие културно влијание е големо и неоспорно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ана и Зигмунд ме молеа да тргнам со нив по градот, но јас се жалев на болката во коленото. Навистина поткривнував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тие неколку деноноќија ги минав во хотелската соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Утринава во хотелската бања водата е малку пожешка од вчера а научно е докажано колку водата е пожешка толку повеќе паѓа силата и неправдада, иако водената пареа на мнозина им го замаглува утринскиот поглед кон црвениот бајрак развеан на највисокиот балкон.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
ВОДАТА ВО ХОТЕЛСКАТА БАЊА Е ПОЖЕШКА
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Последното попладне во Малибу, Мама беше горе во хотелската соба.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Седев во хотелскиот бар кога Бароуз влезе со две прекрасни англиски момчиња.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Јас бев баш детинест Харвардски професор што го прави својот голем истражувачки проект со дроги. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 69
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Почнав да им зборувам за овие нови дроги, и, се разбира, тој знаеше многу повеќе за дрога од кој било друг човек на овој свет!
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)