во (предл.) - цариградски (прид.)

Кладе нов кадија на прилепскиот кадилак, но стариот не можеше да му го доведе на везирот, бидејќи и овој, како и силниот Сулејман, беше се преселил кај големиот пророк уште зимата, кога затворениците лежеа во Цариградскиот затвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се разбира, одговори Татко, но за да се дојде до нив, потребни се големи истражувања, најмногу во цариградските архиви.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но познат е фактот дека во библиотеката на Иса Бег џамијата во Скопје се наоѓале коментарите на Фузули на делата на славниот мудрец и татко на медицината Хипократ, дури еден век пред да започнат да се преведуваат неговите дела на латински јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
РЕЧНИК НА ТУРСКИ ЗБОРОВИ И ПРОВИНЦИЈАЛИЗМИ
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од таа причина нашите бунтовници не поминаа лошо во цариградскиот затвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Школувањето ќе го продолжи во цариградскиот француски лицеј на Галата-сарај.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)