Ја менува судбината, го носи животот во нова димензија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Љубовта е етернален моментум во целокупната екумена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Од таму можеме да заклучиме дека оваа генерација на тинејџери живее под можеби најголемиот стрес во целокупната понова историја.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Задоволството во текстот“ (Р.Барт) на Александар Прокопиев овде не завршува, туку започнува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Јас повторно од последната клупа станувам и декламирам: Другарот Тито е еден од најголемите државници во целокупната човекова историја и пошироко.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Капитулацијата на Италија на 8 септември 1943 година била пресвртен момент во целокупната ситуација во однос на известувањето за настаните во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На страниците на печатот се нашле информации за ослободувањето на Дебар на 9 септевмри 1943 од страна на македонските партизани во содејство со албанските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа е специфичен двоен систем, кој во целокупната типологија на системите на писмо се појавува во улога на алка, што ги сврзува доследно силабичкото (да речеме, линеарното Б) и алфабетско (на пример, класичното грчко) писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Така, феникиското, ханаанејското и арамејското писмо како три основни подвидови на семитскиот систем на писмо настанаа од старосемитскиот, или поточно речено, од протосемитскиот систем на писмо, кој сам по себе претставува консонантно- силабичко писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)