Се искривоколчила природната оска на овој човек од премногу свивање, му се разнебитил духот, препуштен на функцијата на преживувањето, во вечно променливата сталински хиерархија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Душата, е синко, во вечно создавање... Така говореа Татко и Мајка за душата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Притеснети во вечно променливите и неизвесни балкански граници, книгите ни го ширеа просторот, нѐ пренесуваа во далечините.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
XVIII Да се откриеш кој си, од каде идеш и каде одиш, во вечно сплетканите балкански корени, не било никогаш лесна работа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)