Влегувам во студеница наместо во топло, фрижидерот наполу затворен. Главната капија ширум отворена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ова исчезнување може да го долови само врвен “МАЕСТРО”, уметник кој го испекол своето олово... а за ова ретко доживување треба и да се плати... во банална материјална противвредност, во топло и искрено воодушевување, во натура од најразличен тип... во сѐ она што му овозможува на уметникот и понатаму да лута со своите пингвини...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Песната на градот секогаш се смируваше во нивната уличка во топло, речиси љубовно адаџо.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Седи во топло без мантија -голтка по голтка лута ракиичка и мезе од недосторени краставици - оној Марко Проказник е мрднат, во некое утро ќе го најдат пци во валуга.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ѝ ги гледаме срамните нешта Млекото, месото, дождовите Изораната почва што нè топли Одвнатре. Ѝ цртаме иднина На белата површина И таа проодува Модифицирајќи се Во топло меко тело Учејќи нè Да станеме фетус Сега е време Да бидеме родени, Да го чуеме плачот нејзин Пред да нè види.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Седат во топло и се веселат. Пијат вино.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во снегот пред нас се распрснуваа траги. Дека се волчи ни потврди далечно завивање.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Можи и во топло млеко, а можи и мешано. Со шеќер по желба, се разбира.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ќе те нахрани и ќе те легне во топло.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Слегни на мојата планина завиена во топло крзно сета од здивови на исплашена дивина.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)