Филмот беше така изрежиран што, напоредно со страотиите на војните, на преден план се истакнуваше големината на француската војска која врз себе го понела товарот на војната...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ги гледаш овие три прста? Ги состави трите прста прабаба ми, палецот, показалецот и средниот прст, правејќи врв како пирамида со три страни, составувајќи ги тие три силни енергии во една, како симбол на светото Тројство, па почна со нив да се одбележува, цртајќи крст врз себе.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Еднаш, кога се врати птицата во залезот, не го најде осамениот човек па долго надлетуваше над неговиот двор, прошета низ пирејот, и не можеше да го препознае човекот, цел живот што ја препишуваше земјата врз себе, ноќе што го препишуваше морето од птицата: тој стоеше потпрен, речиси – исправен пред својот дом, скаменет, спокоен - сам себеси син епитаф.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Пророчки спокоен, чесен како ѕвездите врз себе тој се обиде да праша: кога, зошто?
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Прво излезе тој, во долг капут како војнички шинел, па „канаринците“, стуткани и веќе испотени од премногу природна волна врз себе, како јагниња, и на крајот таа, како градска госпоѓа со кадрава фризура и во астраганската бунда.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Лудвик!“, викав. „Слегувај, Лудвик!“ Тој се смееше сосема лудо; мислам дека во тој миг дефинитивно изгуби контрола врз себе; „Знаеш ли Луцијо“, велеше, „знаеш ли каде е центарот на светот, Луцијо?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А најтајното место во ова царство е одајата со три печати, оти во неа сигурно никој нема да влезе, за да не го навлече проклетството врз себе“, рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Арсо ги дофаќаше гласовите, насмешливи, пакосно развеселени, ги чувствуваше врз себе погледите што сожалуваа, осудуваа, навредуваа и сето тоа како тежок товар паѓаше врз него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Со едно чувство на „језа” го фаќам предметот, зашто сигурно немаше да се шетам со предметот во ногавицата и да ги привлекувам сите љубопитни погледи врз себе, кои беа потенцијално урокливи.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дали ден, дали денови одеше така пет стапки натаму пет стапки наваму, дали еднаш или не знам колку пати се менуваа сивото лице на денот и црната мисла на ноќта, кога Танаско ја испрати Танаскоица да види што е со момата оти никаде не се појавуваше, а таа се врати со лафовите Бре Танаско ми та вратта е залостена ама се чуе кту нешто д с мкне, јол да призниме шо е ва нешчо! и кога со големата снага Танаско ја откорна вратата, ја најдоа Пелагија сѐ уште со кувертата врз себе како оди од вратата до пенџерата и од пенџерата до вратата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Стана со сѐ куверта врз себе чиниш се плаши да не остане отскриена пред миризбите Димостенови задржани во одајчето и така наметната како со гуна почна да чекори наваму натаму не со умисла да се згрее, туку за да се умори, за да папса, за да падне во некоја дупка од каде ќе нема враќање.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пред портата борбата не траеше малку. Аскерот се собра десет на еден бунтовник, та макар со скапи жртви, за неполни дваесет триесет минути веќе секој бунтовник имаше врз себе десет и петнаесет војници.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Козите на Чанга се држеа настрана, уплашени уште во утрини да не ја сетат врз себе незадржливата снага на Сталин. Тие добро знаеја како стега Сталин.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)