И по долг пат би можел да кажам дека глаголот во песната е проколнато нешто, тоа се брутовите кои го држат распнато телото на песната врз крстот на времето.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Крстот на времето Зашто од невидливото ги цртав своите сознанија сиот мој порив беше да се пресоздадам во збор.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Стрико Најдо Њашумов и Геле Милев ја кренаа камбаната од сањата и ја поставија врз крстот под камбанаријата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И го чекав само денот кога лагата моја спасителна ќе се открие, кога ќе ги види ливчињата на Мида негибнати во семинаријата и кога тупаницата негова ќе падне врз мојот грб. Врз крстот на грбот мој.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Зашто започне ли неверството
саможивата фатаморгана
отцепувањето на душата од обликот
го отне ли меморијата својот демонски вртлог
во тебе можеби ќе се пресели, божем привид
птицата која се успива врз крстот на бескрајот
далеку од дното за коешто залудноста нѐ приковува
како за живот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)