Како исклучок од ова, од 2007 година странец може да поднесе барање за издавање на работна дозвола до Агенцијата за вработување, само доколку поседува: • дозвола за привремен престој врз основа на семејно обединување, • дозвола за привремен престој на член на потесното семејство на државјанин на Република Македонија, • дозвола за привремен престој поради хуманитарни причини, и 115 • лична карта за признаен бегалец, лична карта за лице под хуманитарна заштита и идентификациона исправа согласно со Законот за азил и привремена заштита (чл. 10, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, во декември 2008, испраќа и известување до Хелсиншкиот комитет за човекови права; како и писмо до Агенцијата за вработување на РМ, со цел да ги информира тамошните служби за „валканите игри на директорката“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Незадоволна од ваквиот исход, правничката Зефиќ упатува неколку претставки до надлежните органи: до Министерот за правда, Управата за извршување санкции, до Народниот правобранител т.е. Омбудсманот (И. Мемети)5 и иницијатива до Уставниот суд на РМ за оценување на уставноста и законитоста на некои спорни членови од новиот Правилник за систематизација – која 75 подоцна беше отфрлена со образложение дека фамозниот Правилник, за чиј недостатоци свои забелешки имаше и надлежната УИС, „е само интерен акт – па оттука, бидејќи нема карактер на пропис, овој суд не е надлежен за негово оценување“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)