до (предл.) - вода (имн.)

Од сртот, од Плоштина, до водата се стигнува по едночудо разгазени патичиња, а од населбата во Потковицата само по едно кое е добро натратено и кое, откако ќе ги прегази Мала Вода и Голема Вода, се издвојуваа од Градишки Пат и низ Деркова Дрма трага право пругоре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Симон“, ми викна некој, „ашколсун. Ќе дојдеме до вода“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А копањето на бунарот за кој ми пишуваш, особено доколку дојдеш до водата, не би било ништо помало дело...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И брза, измачуван од жедта, да стигне до водата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Говедата би можеле да се спуштат до водата и низ длабокиот снег, но на овците би им било тешко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Симон сега беше долу, до водата. И јас се свртив таму и гледав како езерото шлапка под гробовите на Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Реши да го натера уште повеќе да се доближи до водата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А на двата брега, сосем близу до водата, растат тополи и врби.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)