Човекот и со десет животи ќе бил веќе мртов, и со дваесет, и со повеќе, но продолжувало.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беше покриен со чаршаф до гркланот. Ноздрете му беа свртени кон таванот како двоцевка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Видот на луѓето имал сила да наголемува: секое влакненце на крвавото лице, од увото до гркланот, имало свој правец, своја боја, свое движење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беше сплеткан до грклан во своите врвици што водеа кон нигде. „Решуваш гатанки, другар брат?“ Брат му ги стегна јазлите на тие врвици. „Сѐ е решено.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)