И запамти! - таа пак го фати за брада, го растресе, стрвнички му се загледа во малите гурелави свински очи, му се закани со прстот од слободната рака, мавтајќи му пред нос: - Да запамтиш еднаш за секогаш!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Е, им го гледаш ли сега крајот на твоите роднини? - Ја, - рече Коте фаќајќи се за брадата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Откако ќе проценеше дека бричот е доволно остар за брадата на дедо му, берберот го оставаше каишот и го фаќаше дедо му за вратот со левата рака, додека со десната започнуваше со бричењето.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ја фати меко за брада и ѝ се загледа в очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Господа, ни се чини, за брада го фаќаме, само кога ќе ја смениме верата.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Зашто се јасни изгледаат нејасни, прости ми Исусе, си рече попот Ставре и се скубна за брадата за да си дојде на себе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Избричи си ја брадата, - рече тој. - Што ти текна за брадата моја... - Глупава е... сите мудрувате...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
АНДРЕЈА: Подготвуваме штрајк. СИМОН: Ќе го фатите господ за брада.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)