Малтерот постојано се лупеше од таваните и од ѕидовите, цевките пукаа при секој посилен мраз, покривите прокиснуваа секогаш кога паѓаше снег, системот за греење обично работеше со половина снага кога не беше сосем исклучен од економски причини.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
3 Имено, при емајлирањето на предната страна од шпорет за греење нејзе ѝ прснува парче емајл во левото око.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во август 2006-та, вршејќи ги своите редовни работни задачи на работното место, Ф.И. без своја вина доживува повреда при работа (несреќен случај / vis maior).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
- Гледај ваму, ми вели татко, ова е даб благун и тој има најмногу срцевина за спици, за бочви и за качиња и да знаеш за отсега, ми вели, рапавиот даб е само за јаглен и за греење, а царевиот даб е за ништо, вели, оти нема срце и брзо скапува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Еда, го зедов магарето, вели, и фатив кон Петрово речиште, ба му ја, да пособерам малку трески за греење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)