Можеби си во право, ќе додадеше Татко, нагласувајќи дека еден од мотивите за запознавање со исламската/османската/ориенталната компонента (во тоа ја вклучуваше и нивната мисија) можеби е токму тоа што таа не е мртва, скаменета, врзана само за османското и поосманското раздобје во нивната историја, туку таа е и понатаму жива, динамична, дури и продуктивна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Една од најголемите пречки за запознавање на шизофреничарот претставува неговата чиста недофатливост: настраност, бизарност, опскурност во сѐ негово што може да се забележи. За ова постојат многу причини.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)