за (предл.) - комуникација (имн.)

Секој граѓанин, или барем секој граѓанин што беше доволно значаен за да биде надгледуван, можеше да биде изложен по дваесет и четири часа дневно на будното око на полицијата и на звукот на официјалната пропаганда, додека сите други канали за комуникација беа затворени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпрво ги заспав сите можни средства за комуникација, особено мојот мобилен телефон.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако ништо друго, ми сигнализираа дека јас сум главната карика и медиумот за комуникација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој понатаму ѝ раскажуваше за неговите студентски денови во учителската школа во Скопје, за комуникацијата со Бранислав Нушиќ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Така „комуникацијата пратена со порака е заменета за комуникација направена со порака“, што ја прави „естетиката на неавторитарно и неодлучувачко значење“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На тој начин креативноста престанува да се лоцира во чинот на продукцијата, а „употребата“ престанува да биде (не)препознавање на естетските намери.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ралф Валдо Емерсон, Природа Зборот „кибернетика” го смисли Норберт Винер (Wiener); во 1948-та тој напиша: „Решивме целата област на теоријата за комуникација и контрола, сеедно дали на машини или животни, да ја наречеме кибернетика; зборов го изведуваме од грчкиот збор за кормилар (сиц!).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зборот „cyber” беше редефиниран (во Речникот на американското наследство) како „теориско проучување на контролните процеси во електронските, механички и биолошки системи, особено протокот на информации во тие системи”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)