„Си се зачленил?“ „Се зачленив, тато, нели ми рече дека сум жител на оваа населба и треба да придонесувам за менување на состојбите, а не само да критикувам и да се муртам.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И ѝ кажувам сега за менувањето на забите: „Врано, врано, на ти коскен, а донеси ни златен.“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа е мајстор за менување на текот на мислите. Наместо тоа во умот ѝ доаѓа сув податок: денес е 30 март 1943 година.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Навистина, ова одново ја разбуди старата спротиставеност која датираше уште од блоковската војна, „ние и тие“, со постоењето и тука на можноста за менување на улогите: „тие“, односно Запад, што можеа да бидат симбол на напредокот и на своевоидниот земски рај, рај со неколку сенки но сепак рај, и „ние“, руските валенкис, мастилните чевли. 86 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Работодавачот е должен да планира мерки и средства за обезбедување развој и унапредување на безбедноста и здравјето при работа и за менување на постојните технолошки процеси со помалку опасни, односно со побезбедни процеси (чл. 8, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Па таа е мајстор за менување на текот на мислите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во рамките на неговите обврски, тој мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените – вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства. (чл. 5, ст.1 од ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)