за (предл.) - минато (имн.)

Ти ќе бидеш уништен за минатото, исто како и за иднината. Ти никогаш не си постоел“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За минатото“, рече Винстон. „Минатото е поважно“, се согласи О'Брајан сериозно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Шепот на непознати чекори и лаги за минатото кое веќе го нема.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Балканските кавги за минатото ја жртвуваат иднината на народите!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едвард Кар има речено дека ќе бидат напишани многу супер книги за минатото, ама нема да можат да се наречат историја во смисла на наука.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Бидејќи нема нешто ново, мислите се врзани за минатото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Врати се, врати се во огништето старо в родината мила, таму сѐ е слатко таму љубов плени... Ех, спомени, спомени, спомени за минатото...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не беа помалку болни, неизвесни, и другите зборови што идеа од радиото, од таа проклета направа која како некаков двојник на судбината, го предупредуваше нашето семејство за минатото и иднината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И над сѐ заради потемнетите греди кои како да пристигнале утринава, негде од далеку, од некој друг живот и веќе почнале да раскажуваат за минатото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)