за (предл.) - мирисање (имн.)

А врховна потреба е да се знае дека кајшто има сила нема правдина И уште да се запамети дека е правосилна онаа народната Дека се рече ли кучето бесно е си останува бесно што и да стори отпосле Од друга страна и меѓу самите Словени мнозина знаат Дека и Словените и пансловените не се китки за мирисање И дека особено тешко се ослободуваат од стари соништа
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Иако, се разбира, не сум ни јас цвеќе за мирисање.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Жените не се ни цвеќе за мирисање, ни полн амбар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Па добро, де! И моиве не се цвеќе за мирисање. - Разликата меѓу моите и твоите е како меѓу демократија и тиранија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За Кулик: „Вистинската демократија може да биде воспоставена врз политички инклузивната идеја на зооцентризмот (човекот како дел, а не мера за биосферата на нашата планета) - Зооцентризмот го интегрира човекот како супкултура во поголема целина на соединетата култура на ноосферата (изведено од noos: способност за мирисање, сетило за мирис)”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)