Затоа човек не треба, само за олеснување на својата работа, негативно да се однесува кон многу науки мачни, како старите јазици, но што претставуваат основа за многу позитивни информации и науки.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И кога од боиштата добивале писменца со лоши вести, тогаш престанувале да се плашат од рицинусот, од камшикот, од сувиот остров на Егејот; пуштале писоци и лелеци на свој јазик зашто само така најдлабоко, најболно, најпотресно, за олеснување на болката и за долг спомен на покојниот, ја искажувале својата болка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Несреќниците ги нахранивме и ги напоивме, ама не најдовме збор за утеха и за олеснување на нивните маките. Дали останаа долго? Не.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)