Па макар и да ја има таа желба, макар и да поминуваат низ него сите тие, крајно одредени и јасни - недвосмислени слики за него, неговата боја,искрите на светот, огинот, со таа топла граница помеѓу него и тоа другото во кое не може да верува, колку и да сака; сепак се е подобро од неодреденост во која е онеспособен да проговори свртен кон себеси како кон било што друго, неколку обични и најобични идеи, за тишина, за пејсажи, за нешто.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)