21 Со демонстрациите и со воениот удар од 27 март, предводен од генералот Душан Симовиќ, бил отфрлен договорот за пристапување кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со тоа на нацистичка Германија и Хитлер, за првпат од почетокот на војната на 1 септември 1939 година им бил зададен "морален удар", кој не бил предвиден во агендата на Адолф Хитлер за потчинување на балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во март З. ја доби наредбата за пристапување кон „конеченото решение” во шифрирана депеша.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога светата заповед пристигна за пристапување кон работа, се состанаа двајцата кадии, ама при одењето во Булачани, заедно со шеријатскиот ополномоштен застапник на пашата, кадиите одредија и сведоци, старци и спахии што се во близина на овој имот, и тие како чесни луѓе на овој вилает да ги потврдат меѓите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)