Беа веќе уморни и нерасположени за разговор. Требаше да се спие.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Немавме време за разговор, за поздрав ми мавна со раката зашто на семафорот се појави зелено светло а пред крстопатот не можеше повеќе да се стои...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Иако кога тргнав од дома бев спремна за разговорот со Филип, кога го видов како радосен што ме гледа пристигнува во кафаната, како и мојата храброст да ја снема.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
„Проклети затвори; ве истоштил, ви ја убил веселоста, желбата за разговор...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
за маскенбалот на поголемата ќерка во училиштето за странски јазици и за разговорот со професорот по математика, што ќе ја оставел на поправен испит, а потоа и со професорот по физичко воспитание, оти бегала од часови,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Господ виде“, рече кусо Филозофот кој не изгледаше расположен за разговор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Павле го дофаќа зарипнатиот извик. Што ли му текнало сега на Арсо? Овде не му е времето сега за разговори.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се сретнаа во собата за разговори. Се прегрнаа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тито, од своја страна, како што известувал Меклин, настојувал да остави впечаток на политичар што нема намера да ги промовира територијалните претензии на Југославија во тој регион пред одржувањето на мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Пишувајќи за разговорите со Тито во врска со Македонија, Меклин истакнува дека и самиот Тито бил свесен за „деликатната природа на внатрешните и надворешните проблеми“ и дека во поглед на развојот на политичките работи се однесувал многу внимателно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„Мириса на војна“, велеше Шабтај секогаш кога ќе се вратеше дома од аврата во која сега почесто навраќаше и каде што постарите остануваа подолго, по молитвата и за разговор.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Немав кому да му ги носам своите текстови за мирно просудување, за моја заштита, немав кому да му носам книги за потцртување со молив на најзначајните места, на страниците со пепел и потоа за разговор во врска со нив, немав кому да му се восхитувам за мирната храброст, моќ и трпеливост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Фрежис, 5 марt 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А тој со двете раце, како божицата Шива, држеше повеќе телефонски слушалки, како да имаше повеќе раце.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше во разговор едновремено со палестинските амбасадори во Париз, Лондон, Дамаск, Москва, Каиро... Известуваше за разговорите, даваше инструкции.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се чинеше сосема отсутен и за разговорот помеѓу тројцата првоборци: Мајката, Чауле и Овчарот кои се послужуваа стоејќи,покрај џамлакот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Од Костур дојде човек со нишан од грчкиот владика кој порача да му пратиме човек за разговор. Пуштивме таков.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Многу често дискутиравме за тоа зошто нормалноста и лудилото се како два различни света.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се собиравме само ние кои, постојано или повремено, се чувствувавме приморани од лудилото да дискутираме на философски теми; на тие средби изгледавме како луѓе жедни за разговори, и истовремено како присилени на разговори, како некоја измачувачка сила во нас да не ни даваше мир а ние сакавме да ја исфрлиме од нас со зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)