И додека јас се измачував со разни филозофски становишта при изнаоѓање добра солуција за расветлување на македонската сага: Оп, еве ти сега, вест, нова вест, НОВИНА: Деновиве ја слушнав вестта дека сателитското вешто око, поставено над Македонија, некаде кај Куманово, во месноста Кокино откри ОПСЕРВАТОРИУМ! (Но, од таму некаде кај Кратово е родум мојата прабаба Трајанка, од село Железница).
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во еден период, Камилски, кој повеќе од сите други во Архивот, а може да се рече и пошироко, може да ја оцени вредноста на сиџилите и улогата на Татко во нивното откривање и обработување, во момент на восхит, откако прочита еден султанов ферман, значаен за расветлување на балканската историја, восхитено му рече на Татко: Во сиџилите почива времето!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)