Ја имам онаа топографска карта на Долнец, но имам документација и за црквата и за гробиштата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
За црквата многу ми помогна Беадин-паша од Солун.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бидејќи беше добар мајстор, имаше нарачки од секаде: и од селата и од градот: правеше ќошиња за куќи, лакови за прозорци и врати, скали, корита за чешми, столбови за цркви и камбанарии, плочи за споменици и гробови, воденички камења и сѐ што ќе му се нарачаше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Малите чеда ги обув, ги облеков во пљачки нови - како за празник и за црква, погача и кокошка им испеков и со молитви - благослови ги допратив до граница...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сфативме дека никој ништо не знае за црквата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)