Не е тешко да се пронаоѓаат, дури и да се предизвикуваат, но еден предуслов е обврзувачки: потребно е приклонување на луцидната мисла за прифатливите разлики ВО складноста, неплашење од случајната средба (која и не е тоа) на чадорот со машината за шиење.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Уверен сум дека Теодор* утрово ја набљудиваше едрената точка на воздухот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Заради маѓијата, уште од раѓањето, Анко го облекуваа во женски алишта, му ја пуштаа косата да му расте долга, му плетеа плетенки, се дружеше и играше со женски деца, и како што растеше - добиваше женски манири, се однесуваше како женско, дури и гласот му стана тенок, женски; се интересираше за плетење, везење, за шиење.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
До катот каде што беа собите водеа дрвени скалила кои крцкаше кога се качувавме по нив, а на крајот, кога ќе се искачевме, пред да почне ходникот со вратите кон собите, имаше една многу стара машина за шиење, поставена како сувенир.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Не го гњави детето Љупчо, се јави мајка му, која седеше на СИНГЕР машината за шиење.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Штрака ко ,сингер" машина за шиење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Нашиот Пурим” Алегра ја нарекуваше нивната свадба што ја очекуваше со нежната женска душа, но и со сѐ порастрепереното тело со кое таа сѐ повеќе копнееше по него со една чиста и исполнета љубов што извираше длабоко од неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа му се доближуваше со насмевка, му го вадеше метрото префрлено преку шија, го фрлаше врз машината за шиење со движење како да го соблекува и ги подаваше усните кон неговите, а тој збунето погледнуваше зад малиот излог на дуќанот и откако ќе се увереше дека нема никој, ја гушкаше и ѝ ги возвраќаше бакнежите со своите полни усни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Баш чудно. Машината за шиење токму има ужасна канџа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
За шиењето Петрович зеде дванаесет рубли – никако не можеше помалку: сѐ беше шиено апсолутно со свилен конец, со ситен двоен шев и по секој шев Петрович потоа минуваше со сопствените заби, истиснувајќи на тој начин разни шари.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)