Тој, пак, Мустафа ефенди, сиот напернат и сиот облечен во срма и кадифе, и од порано известен од страна на прилепските првенци за намерите на потковичаните да дојдат кај него и да му предадат за султанот писмо и план за ѕидање на црква, општина и училиште и за нивната желба да се измират со Хаџи Ташку, ги дочека силно израдуван.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сето тоа Лазор го гледа од под веѓи и зашто отпорано знае што има нацртано на внатрешната страна на тутурката, планот на Потковицата, си дума и се надева дека можеби не се собраа за да го ругаат него, дека можеби и овој пат ќе разговараат за тоа за кое од смртта на татко му на Максима наваму секоја година ова време разговараат - за барањето одобрение за ѕидање црква, а годинава за барање одобрени за ѕидање и на општина и на училиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Одржа една куса реч во која ги пофали потковичаните што се одѕвале на желбите на султанот, (да му се илјада години и севишнот да му ги умножи блаженствата и радостите) за општественоравненство на народите во империјата, ги прими планот и писмото, (покрај парите за такса Максим му тутна и едно навезено кожно ќесе со лири) и испрати по Хаџи Ташку - милум или со сила да го дотераат; рече Измирувањето со тој кодош има пред мои очи да стане.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)