Лани беше номиниран за Голден Глоуб за една продукција на Милош Форман, иако мене многу повеќе ми се свиѓаше неговиот саундтрак за извесен нискобуџетен мексикански филм.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Замислен беше да истражува еден основен парадокс: Како стануваш тој што си?
Поточно, предметот тргнуваше во истражување на карактеристичниот однос на геј- мажите кон главнотековната култура за да се види што може да се открие за извесни структури на чувствување што им се особени на геј- мажите.3
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Беше добро, што ги имаше мавнато и тој, барем за извесно време, и што знаеше дека во следните денови ќе ги мавнува сѐ повеќе од своите мисли.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие можат да го држат со години во самица, можат да го испратат во работен логор, можат да го ослободат за извесно време, како што правеа понекогаш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога последнава падна под Византија, Македонија беше слободна држава за извесно време и со успех се бореше против Византија и ја имаше под себе цела денешна Србија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Еден ден дојде мажот ѝ и ми рече: Миле, сега за извесно време немој да доаѓаш кај нас, зашто слушнав дека комшиите решиле, следниот пат кога ќе дојдеш кај нас тие да те грабаат, со сила да те земат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Пари немаше и поднесе молба делото да не се става ад акта додека за извесно време не присобере пари за да вложи кауција.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но кога се вели: прекрасен си ти Господе и чудесни се делата твои, тоа е така речено затоа што секоја плот, твар и ствар е во својот род совршена, и затоа што секоја се наоѓа во тесна врска со другите створови и сотворена е за извесна неопходна цел.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)