Што се однесува до водењето евиденција за невработените лица, до значителни промени во оваа материја дојде во 2004 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од друга страна, пак, прецизирано е дека како инвалидни лица, согласно овој закон, ќе се водат и инвалидите на трудот со преостаната или намалена работна способност кои се водат во евиденцијата за невработени лица на Заводот за вработување (чл. 2, ЗИДЗВИЛ/јули.05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
3 Во однос на првата промена на ЗПЗСО од мај 2009 година заслужува да се спомне одредбата дека и Фондот за здравствено осигурување стана обврзник за пресметка и уплата на придонеси за невработените лица кои примаат паричен надоместок во случај на невработеност и за невработените лица кои активно бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување, а немаат друга основа на осигурување (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај промените во одредбите што се однесуваат на паричниот надоместок, усвојувањето на ЗВОСН донесе промени и во поглед на засновањето работен однос, помошта што ја обезбедува Заводот за вработување при професионалната ориентација, обврските на невработените лица, водењето евиденција за невработените лица и составот на Управниот одбор на Заводот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)