Сега конзервативците имаа доказ и потврда за последнава од своите пронигби – тлоцртот за хомосексуалната превласт над светот, самиот план на походот – ене го таму, на прост англиски.
Добро, барем насловот беше на прост англиски.
Описот на предметот, всушност, воопшто не кажуваше ништо за никакво преобратување на студентите хетеросексуалци во хомосексуалноста.2
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Основниот проблем што го имам со политичкото функционирање на геј-идентитетот денеска е што и при сите свои повици за јавно признавање и прифаќање на фактот за хомосексуалната желба (некогаш, да се знае, на штета на геј-сексот), официјалното геј- и лезбејско движење практично забранило испитување на настраните сензибилитет, стил, емоција и на сите карактеристични, несексуални облици на настраниот субјективитет, на афектот или на задоволството.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)