зад (предл.) - решетка (имн.)

- Но, најблиску до Сонцето умираат тираните (непокорните завршуваат зад решетки) - простенкува ранетиот демонстрант, кој налегнат врз бандерата, блуе крв: - Лажното сонце треба да се симне...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Птицо, дали ѕвони златото во твоето грло зад решетките на ваков кафез?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме гледаш зад решетки, нели?„ Далеку, далеку мирисаше влажен шумски мов. „Кажи, ме гледаш ли?„ Заѕвоне телефонот и ги прекина а брат му рече „да“ уште пред да ја принесе слушалката до уво.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Исус, Нерон! Погледна околу себе и виде бели ѕидови, бел кревет, бела покривка и бело небо зад решетките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Геле Накотник излезе омрлушено од зад решетките по две седмици додека неговиот постар пријател беше пуштен кога од планините плисна мирис на снег.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Рамнодушен за сѐ околу себе, покорен и совладан, коњот тегне во својата запрега уште една судбина: бел, жолтоок пес, уличен мангуп, безопасен и зад решетки и на слобода.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Август се трга од кафезот и го брише десното око. Зад решетките трепери голема сенка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Времето минуваше, а некое студенило се населуваше помеѓу Рајнер и мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас минав низ капијата, и додека се оддалечував по улицата, неколкупати се свртев. Клара стоеше таму, зад решетките. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)