Едниот од трите правописа се усвојува за еден литературен јазик кај еден народ што се преродува главно во зависност од таа тенденција што владее при народното преродување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но, кулминацијата (кај мене) настана кога ме прашаа дали е вистина дека сум сквернавел една стара народна песна, и дека кај еден пријател дома, сум пеел цела ноќ: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција, Луција курва убава“. Реков дека сум пеел.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И Огнен Ѓорго нѐ одведе кај една жена, Еврејка, и жената ѝ го исчисти увото на Горица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Босанката Анѓа, која во Париз дошла од Белград, каде што работела кај една учителка како домашна помошничка и таму се омажила, дошла овде пред шест години со своето осумгодишно дете, со надеж дека ќе си создаде подобар живот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не знам што повеќе изненадува: да се наиде на таков ред кај бубачките или на такви идеи кај една жена.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Пиевме кај еден колега, пак ми рече. Колега? мислев. Дали колега? се прашав.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Таму спиеше кај една жена од селово пребегана со маж ѝ и ќерка ѝ од качачките зулуми.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Значи, најприродно е народното име за еден народ да се појави кај еден соседен со него народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)