Носеше куфер во рацете. Мајка ми ужаснато ја погледна. „Кај си тргнала? ” - остро ја запраша.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
— Море ми кај си, свети Јоване, шо те нема волку време? — го праша руса Миша и веќе му подава столче и му ја зема торбата од рамото, во која Толе ги донесе и за неа подароците како за Проќа во Ал-Шари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)