Таков беше мојот анти-херој на Картагина, во времето кога самопрогласениот херој на вечната Картагина Хабиб Бургиба беше запрен во својот митски од кон вечноста. Останав загледан кон морето, кон брановите, во нивното вечно пристигнување и размислував за заминувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)