кон (предл.) - војник (имн.)

Братучедите се свртеа кон војниците, ги погледнаа и сфатија дека ќе мораат да продолжат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога врвеа пред училиштето, луѓето погледнуваа кон војниците и си шепотеа: - На царот му била боса главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Братучедите се свртеа еден кон друг, со накривнати глави се подзагледаа се вртеа сѐ додека не ги слепија рамениците свртени со грбовите кон војниците па заодија така стегнати еден во друг надолу по патот како некогаш кога беа деца.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Свика нешто кон војникот крај себе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)