кон (предл.) - детство (имн.)

Само миговно, небаре миг на навраќање кон детството, а потоа се врати во реалноста, започнувајќи ја средбата што ја прифати не само како обврска, туку сесрдно - како составен дел на сопственото опстојување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Хуан Миро ги обожаваше и многу педантно ги собираше имагинатив­ ните и често драматични цртежи на својата ќерка Долорес, родена 1930. година.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овој стил е одраз на неговото враќање кон детството, што кореспондира со фрлање поглед наназад и преиспитување на сопствениот живот непосредно пред смртта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Познати се неговите композиции со теми на војници нацртани 1909. и 1910. година (се совпаѓаат со неговите искуства во воената служба), каде е јасно видливо влијанието на детската уметност. Soldier on a Horse (1910-11), веројатно работена постапно во повеќе фази, ги поседува идентичните кроки, плоснатост и млитавост во формите и крајно симплифициран план на позадината како кај некои детски цртежи кои Ларионов ги поседувал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во времето меѓу 1912. и 1914. година, кога детското сликарството и поезија се посматраа како рекапитулација на „хармонијата и чистотата на детската душа”, неопримитивизмот на Ларионов го воздигнуваше враќањето кон детството, следејќи го трендовски новиот приод.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)