кон (предл.) - дом (имн.)

Таа немаше име, немаше дури ни лик; таа беше суштество од светлина кое трепереше пред моите затворени очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога го минувавме прагот од домот во кој пред осумнаесет години го донеле оние кои го посвоиле, а бевме тргнале кон домот во кој од него се одвоила неговата мајка, Рајнер застана, ја зеде мојата рака во својата, во онаа во која го држеше парчето хартија на кое беше запишана адресата кон која требаше да одиме, и рече: „Од времето кога заврши моето детство, па до доаѓањето овде, понекогаш кога ќе ги затворев очите, здогледував бестелесно женско суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако конкретно на тоа не мислеше, но мачнината што во него тлееше беше копнеж за љубов што ќе води кон дом, кон деца.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако чекорите кога Рада се приближуваше кон домот на Крстиќи, ѝ беа тешки како туч, сега чиниш ѝ се претворија во крилја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)