кон (предл.) - живот (имн.)

Продолжуваше да се бори, да ја задржува својата ведрина, да сведочи за својата голема љубов кон животот и кога ги поднесуваше најголемите маки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И како што молекуларните маси растат до една критичка вредност над која се преминува кон живот, како што од светот на минералите се издвојува вегететативниот свет, а растителниот живот во макрокосмосот, коренски врзан за космичкиот циклус, преминува во постепено раскоренување, во животно што лута, во самата внатрешна авантура на човечкиот микрокосмос, така и нашите историски мисла и пракса денес мораат да најдат посложен мерен инструмент од месарската вага на простите биологизми или макрокосмичките фиксации за избрани народи кои извираат директно од „нескротениот ѕвер” на биологизмот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мислите ми се деформирани, презирам, сакам, проколнувам, простувам, заборавам, зошто чувствата се неменливи, фатални и опскурни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ерупција од чувства кои печат и болат и на крај тажачка и неизлечива рамнодушност кон животот зошто се изгледа сурово.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Последниве денови, често си правам биланс на мојот однос кон животот: иако и татко ти и ти постојано зборувате како сè е онака како што јас сакам да биде, дека јас ви се наметнува, всушност јас отсекогаш сум ви се потчинувала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Изгледа дека кон смртта и уништувањето тежнееме исто толку колку и кон животот и среќата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многу малку се знаело за нивното идејно определување, за нивниот став кон животот, кон слободата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Непробојна и тешка, таа лежи врз смранатите стреи и сее дожд и страв но не грми и не убива со громови туку е молчалив злсоторник; нејзината закана е во нејзиното влажно молчење а црните капки на нејзината тишина се во цевките на патролите и на врвовите на невидливите војнички штикови и во се што не е видливо и сепак е присутно во и вон од него, и не затоа што е пијан, и не заради присустното отсуство на двете Марии, заради нешто друго, заради едно враќање кон незаборавниот скалпел, кон животот!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дури и ако сакав не знам дали ќе можев тој нејзин избор, тумбата, да го потхранувам со некои други значења?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еден вид набљудувачница свртена кон животот што веќе протекол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тесни се вратите и тесен е патот што води кон животот и малкумина го наоѓаат.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Вашата паралела има длабока логика: некогашниот пролетерски тоталитаризам во името на човекот низ жртвениот синдром посегаше кон животот на милиони луѓе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Значи и Европа и Балканот страдаат од иста болест, но само симптомите се од различен вид!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За прашањето на сместувањето и приспособувањето кон животот ќе се погрижат цивилните власти.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неговиот целокупен однос кон животот како да се наоѓаше во навечерието на некое просветлување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Деридиното пишување никогаш не е лишено од усет за љубов кон животот, љубов кон јазикот, игра на јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, вистинската среќа се запознава дури откога човекот ќе се просветли, ќе се отвори кон животот, ќе се поврзе и ќе се спои со него – одговри старецот. – Дотогаш човекот не е среќен, или само мисли дека е среќен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оттука извира светлината, распрнувајќи се во широк сноп кој се стеснува во своето сопствено прекршување, за да ја отслика стварноста на светот кој не опкружува – така зборуваше старецот, со восхит кон животот, со почит кон човечноста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но кој можеше да го сопре Чанга во неговата љубов кон козите, кон луѓето, кон животот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А мојот татко не беше ерудит, ниту мудрец, како на Луан, но тој беше отворен и без предрасуди кон другите, секогаш готов на пријателство со туѓинци и си имаше своја мудрост кон животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеби тогаш и не бев доволно порасната, можеби бев и неблагодарна кон животот, но и денес верувам оти умеев да останам на патот; никогаш не сум се оддалечувала толку многу од вистината за да не го разликувам залезот од разденувањето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му ја откриваше семејната приврзаност кон животот крај водите, крај морето, Езерото, реките.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)