кон (предл.) - зрелост (имн.)

Меѓутоа во татарскиот јазик немало навредлив збор што можел да им се упати на коњите, непослушноста кај нив и кај децата биле само чекор кон зрелоста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нивниот миленик зачекори кон зрелоста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А сепак во мене уште трепереше надеж дека тој одново ќе биде онаков каков што беше некогаш, а сето тоа меѓувреме, сите разочарувања и болки, ќе бидат однесени како од некаков потоп, по кој нашите души ќе ја обноват чистотијата и ќе тргнат кон зрелоста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа пак одев кај Рајнер, а таму ме дочекуваше неговото студенило, и потсетувањето на моето ветување дека никогаш повторно нема да дојдам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)