кон (предл.) - кеј (имн.)

Сите патници и посадата на паробродот го напуштиле паробродот и тргнале кон кејот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нели, многу смешно - се трудеше Катерина да се разведри, или само да ми прикаже дека не држи многу до тие сеќавања; и наеднаш, откако се потпре со едната рака на мојата подлактица неочекувано потскокна, се протегна колку што можеше за да дофати некој лист од гранката, но тоа не ѝ појде од рака, и откако се спушти на земјата ми се приближи, ме опфати со двете раце и ме привлече кон себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко ми не оставаше ниту да гледаме од прозорците кон кејот што водеше кон паркот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но таа вечер, кога го грабна оној мој билмез за рака и го поведе кон кејот, бев бесна и преполна со очај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)