кон (предл.) - кој (имн.)

Неконтролираното запознавање со други и поинакви погледи на свет се доживува како нешто мошне опасно, бидејќи ја отежнува манипулацијата со информации кон која носителите на моќ секогаш тежнеат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Документаристичкиот приод во градењето на романот се отсликува и во цитирањето на познатите документи кои тангираат конкретни личности или настани за кои станува збор, и нивното присуство во народната песна, кон која Николески има посебен респект.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Едноставно и мудро, како што тоа само нему му е својствено.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Документаристичкиот приод во градењето на романот се отсликува и во цитирањето на познатите документи кои тангираат конкретни личности или настани за кои станува збор, и нивното присуство во народната песна, кон која Николески има посебен респект.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Едноставно и мудро, како што тоа само нему му е својствено.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таквите држави се тип на бебиња во глобалниот политички живот на планетата, а знаеме дека бебињата се апсолутен приоритет за хуманистичката свест (кон која се стремат инженерите на новиот светски поредок); колку што се бебињата послаби, толку грижата за нив е поскрупулозна.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Укажавме на желбата да се биде мртов, на желбата кон не-битието, како на најопасна желба кон која може да се стреми.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Правејќи осврт на односите меѓу Бугарија и Југославија низ историјата, тој истакнал дека дотогашниот раскол, т.е. „јаболко на раздорот меѓу Југославија и Бугарија, беше статусот на Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на идното уредување на Балканот, Смодлака ја застапувал тезата дека "мора да имаме балканска федерација и првиот чекор би бил унија меѓу Бугарија и Југославија", а кон која би се приклучила и Албанија "со исти права", со што би се добила федерација "доволно силна да одбие секаков било напад од која било страна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сè наликува на гротеска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ТОДТ-мечињата радосно маршираат по променадниот такт, вдолж авенијата што води во иднината на кадифената среќа, кон која настапуваат вредно, работно и организирано.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во кон­фликтот меѓу единката и институцијата, единката мора да се подреди, да се одрекне од својата лична самостојност и да го пронајде своето место во општествениот организам, кому му припаѓа и кој ја дава смислата на нејзиното постоење - најголемата вредност е онаа, кон која чувствуваме припадност (belonging).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Знае само дека по тој миг или таа вечност пред него пукна бескраен тунел, набиен со мрачен мрак низ кој заморно и со напор се пробиваше неговиот поглед додека најпосле, низ бескрајната далечина, не здогледа на другиот крај на тунелот блесок на бела светлина кон која стрмоглаво полета.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во конкретниов случај тој страв го нашол својот израз во, како што и самиот збор вели, стравопочитта спрема институцијата професор, како инстанца на авторитет, кон која студентите се однесуваат исто онолку недискутабилно како што, како општествени субјекти, се однесуваат и кон другите општествени и политички институции.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)