кон (предл.) - куќа (имн.)

Не ни помисли да ѝ се спротивставува; на ништо не чудејќи се, тој мртовечки тргна низ градината кон куќата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа влезе во него веднаш, застрашувачки тивко и неумоливо, како чудовишно поле на стварноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со парчето метал в рака заминав кон куќата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повелете! — ги покани девојчето гостите. Тргнаа кон куќата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само што стасавме, јас ги оставив другите и побрзав кон куќата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Всушност Даскалов кога се сврте кон куќата и тргна кон прозорецот јас не го препознав; неговата сенка обрабена со одблесоците на светлината можеше да биде и сечија, и изгледа токму заради оваа помисла со задоцнување ги забележав знаците што ми ги испраќаше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред малку на пример помислив дека од прозорецот под Сина Скала, на височинката пред нас, моето наближување кон куќата никогаш повеќе нема да го следи мирниот речиси секогаш вкоченет поглед на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Боге од Бањи го носи сандакот - јавуваше Даскалов. -Сега можеш да ја запалиш големата свеќа. Погледнав повнимателно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А на тој поглед, токму јас, (барем така мислев до овој момент), му помагав да се движи, да скита кон неразоткриените далечини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само што избегала од куќата, таа жена истрчала колку што можела и не можела кон куќата каде што живеел нејзиниот поранешен маж со жената и детето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Влеговме низ раскршената врата, а потоа минувавме по просториите на некогашното живеалиште, гледавме во подот, по кој беа расфрлани предмети кои веќе никој не ги употребува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тргнавме кон куќата од која одамна се отселиле оние кои живееле во неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не залипал. Веќе, ни сам не знаејќи како, се нашол под дуњата под чии гранки тоа попладне спиел свртен со лице кон куќата на Фиданка Кукникова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Збогум ви, црвоносници. И нема страшила, нема чудовишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седеше и гледаше надолу кон селото, кон куќата и оџаците што започнуваа да чадат, кон луѓето што се распрснуваа на сите страни по работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Наближуваше кон куќата, а нозете сè повеќе му се сечеа, срцето премалуваше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Влага таа во години, се сети еден ден и полека, како да си го продолжува животот, појде кон куќата на Андона.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ринеа луѓето по дворовите, по сокаците и се пробиваа кон куќата на Богдан да го закопаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Откако го испи со Мајка утринскиот чај на чардакот, Татко го облече единствениот костум што го имаше, стави излитена вратоврска и ја зеде црната паларија, со новата кордела, која јасно контрастираше со капата, ја зеде старата чанта, донесена од Цариград и носена низ неколку режими, излезе од дома упатувајќи се кон куќата на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога се искачуваше по вишината височината одејќи кон куќата каде што беше закажана средбата, чувствуваше како од Мраморното Море тивкиот ветер ја носеше миризбата на мимозите кои царуваа на островот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Влага таа во години, се сети еден ден и полека, како да си го продложува животот, тргна кон куќата на Андона.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа го влечам надолу по благата стрмнина кон куќите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Појдов кон куќата и, замислен како ќе настапам, не помислив дека Симон може да има куче.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мајка ѝ и татко ѝ биле станати кога се разбудила таа и, со отвор колку око да се подаде од темната завеса, гледале кон куќата што горела.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потоа му даде знак на пајтонџијата да тргне кон куќата на Цветко дуќанџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Танаил со жена му и син му со ифрит во душата гледаа кон куќата од Китан - кои луѓе му влегуваат да му честитаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Појде баба Воскресија со фенерот кон куќата на соседите, а зад неа чекореше гостинот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Внимателно го подигнав. Се упатив кон куќата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Се сепнаа кога загрме и, како лисја што се подвиваат пред новата бура, туркајќи се едно со друго, потрчаа кон куќата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Брунила! викна Ејнар кон куќата. Се појави жена му.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Наближувајќи кон куќата на баба си Илчо навистина го виде тоа сиромашно девојче, со стари искрпени алишта и со санката натоварена со стара хартија, како ја влече.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се ближам кон куќата, и леле, цело скеле, целиот скелет ми се ниша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Долго гледаа кон куќата, но никој жив не се појавуваше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Камчето во матарката на Шишмана тропаше и тие сè повеќе навлегуваа во селото, се приближуваа кон куќата на тета Сандра.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се упати право надолу кон куќата на дедо Најдо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа тргнал кон куќата на Д.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)