кон (предл.) - луѓе (имн.)

Тогаш имав чиста мисла и пуштав само добронамерна енергија кон луѓето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не се ни сврте кон луѓето да ги отпоздрави.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не те зафати бура, а така нешто во тебе се скрши, во твоите мисли, во твоето чувство кон луѓето и светот нешто се променило и сакаш себеси да се убедиш дека не постоиш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наближувам кон луѓето, а тие ги привсениле веѓите и крв немаат на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се собра сето село со секири и вили да го расчеречи, но Делин викаше кон луѓето и не ги оставаше да се доближат до него. Постави и стражар да го чува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Настанот во црквата кога се појавија сејмените со исукани јатагани и навртени пиштоли кон луѓето, беше страшен.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Мамо!!! Мамо!!! Мамо!!! – викаа дечките со подадени раце кон луѓето кои трчаа покрај камионите...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Полјакот постоја малку како живинка што одненадеж покиснала, а потоа кон луѓето `рзна заканувачки и се загуби надолу.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Слепата Донка ги пушташе рацете кон луѓето и викаше: - Ви велев ли: несреќите имаат свои патишта...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)