кон (предл.) - манастир (имн.)

После тој им собра секири по село, им ги подели, фелдфебелот Милан му потпиша и тргнаа по патот нагоре кон манастирот света Богородица да сечат трупци и греди за зајакнување на окопите на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа утро дедо Стефан и јас ги истеравме овците нагоре кон манастирот токму кога сонцето блештаво чакна со својата златна светлина по планинските врвови над нас.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сонцето врвеше преку езерото и фрлаше обилно светлина кон манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ти не заостануваше зад мене во одењето, чекореше со големи чекори кон манастирот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во селото Сушица, слегоа со некои луѓе кон манастирот свети Димитрија, крај кого шумолеше брза река, носејќи тревишта и искршени гранки од снеговите што ги беа повалиле таа зима дрвјата и грмушките од шип и бозел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но Калија веќе не беше таму. Ја зела чезата, рече татко му Пајко без глас, и штом слушнала дека е тој в џамија, тргнала уште со ден кон манастирот „Свети Никола“ во Кожле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Разбирливо, таа пред мене не проговоре за синот, а и јас, дури откако заминував од Долнец се сетив на приказната за него: дека ги напуштил студиите, заминал од дома и веќе не се јавил, и дека дури отпосле дознале дека, со уште едно момче од групата што, под водство на еден млад свештеник, била воведувана во православното учење, се придружил кон манастирот Св.Тројца, преку границата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во еден момент, додека патувавме кон манастирот Свети Наум на брегот на Охридското Езеро, на самата граница помеѓу Македонија и Албанија, Едгар Морен, рече дека ајде и јаваш се главните балкански противречни сили, како што се јинg и јанg во источната цивилизација, при што тука постојано е присутна готовноста за компромис, кога ниту афирмацијата да не е докрај да, како што негацијата не не е докрај не!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Плочите на патеката кон манастирот измиени - но суви - зашто жедната земја ја беше испила секоја капка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Откако малку се потсмири, му заповеда на кормиларот на патролниот чамец да скршне кон манастирот Свети Наум, на самата граница помеѓу Албанија и Југославија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се свртев. Немаше никој. Погледнав кон Манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Попот сврте кон манастирот и тогаш пак се сетив на отец Висарион. Кога клоцаше како обеспрашена пеперуга.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гаснат убавите очи на светецот загледани во најубавото, разбеснето небо, гаснат очите додека првите секавици го шаркаат намуртеното, разбранувано езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)