Татко чашките ги наполни до врв и откако погледна кон очите на Мајка, а потоа и кон Камилски, со ведар глас рече: Ова е голем ден за нашите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Може, само под еден услов, - Никодин погледот го упати кон очите на Рада и разоружано рече - Да береш памет како ќе се однесуваш и какво друштво ќе бираш.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
По три дни, го видовме како занесено свири на свиралка изделкана од врбова гранка, чекори како да чекори кон небесата, се крева ко да го носи морско ветре и го поткрева од земјата, а по земјата, занесени од свирежот, лазеа безброј змии, со кренати глави кон свирката и кон очите на нашиот другар.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ги лепев стакленцата едно по едно, а бев тргнал од краевите на сликата кон средето, оти така ми се виде полесна оваа ука; тргнав од косата, од перчињата, кон средето, кон очите и носот, и конечно, последното парче го ставив, од устата, во самиот центар на сликата, во точката од средето, во средето на средето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Луѓето заслушнати, заприлегаа на згуснати сенки. Нивните лица беа свртени кон очите на момчето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Тој прстен, тој прстен, крмнаку нечист“, веќе со турски зборови повторуваше бегот со приковани очи за зелениот камен на Калпаковиот прст. „Го уби, ти го уби?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го покрил челото со дланка. Искинатите зборови без значење му замирале в грло, замреле, стивнале со танок писок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гледал низ разбранетост на златни и зелени риги кон купот секакви глави, кон очите во кои животот со свој знак го обележил најтемното во човекот, суровоста, алчноста, себичноста, или само му се чинело дека гледа и дека знае колку им тежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Да, - си мислам јас, - но, колку пати до сега ја видел како наместо моливот за очи, кон очите ја приближува цигарата, а наместо цигарата, само што не го стави в уста моливот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Брат ми молчеше. Јас ја подадов раката кон сликата, кон очите на мајката застаната крај синот што умира, кон распнатото тело кое издивнуваше пред очите на онаа која го родила.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Дали спасението и воскресението се поништување на трагичното, или само утеха?,“ прашав, додека раката ја држев и натаму испружена кон мајката и синот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Велам нешто свртен со грб кон очите, го отплетувам коланот со реденици, задоволен сум: ја враќам во шошката да стои тука и да се заканува кон црното и сеништата што надлетуваат над куќата небаре утки и други пилиња со зол глас се.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ваквата слобода на играта та прв впечаток е дека е задушена од бројот на играчите, има потреба од пребројување, но кој тоа ќе го преброи!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Татко мигум замолче. Го запре милозливо погледот кон очите на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)