кон (предл.) - ослободување (имн.)

Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сексуалноста навистина е слобода, слобода од која се плаши општеството затоа што ослободувањето на таа сила може да ги сруши хиерархиите и системите кои го поддржуваат, а со тоа ќе се распадне и самото општество онакво какво што е денес.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А кога вулгарноста на Густав стана толку неиздржлива што пријателките на Берта се извинија што мора да заминат и бргу излегоа од салонот, Клара го прекина својот брат и рече: „Брат ми е во право кога вели дека сексуалноста е пат кон ослободување, но тој погрешно ги разбира и сексуалноста и слободата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)