кон (предл.) - почеток (имн.)

И денес го гледам татко ми, онака свиен во темната соба, претворен во силуета пред светнатиот апарат во мракот на одајата и наслонет со увото на шепотливото радио.  Еден ден, беше тоа некаде кон почетокот на окупацијата кога дојдоа и ни го запечатија радиото, Рашела почна да ги забележува нашите потсмешливи погледи, по посетите на млекарот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така семејството ни завекува крај Охридското Езеро, првин во Старовската каза, а кон почетокот на XX век во мојот роден Поградец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За уметниците на дене­шнината, дет­ство­то претставува предис­то­ ри­ја на возрасниот, па така детето се претвора во вид на домашен бла­го­роден „прачо­век”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кон почетокот на 1940 година се однесуваат две литературни замисли на Набоков, кои не добиле во текот на неколку десетици години реализација во печатот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Потоа, на 9 април 1941 Германците го окупираа Солун. И сѐ се смени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како и племенската примитивна уметност, така и детската уметност понуди „прочистување” на западнокултурниот материјализам и даде перспектива во вид на враќање кон почетокот на нешта­ та.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некаде кон почетокот на девеесетите години на минатиот век некој југословенски стопнственик, се сети дека може да запакува некое домашно сокче или пиво во каначка.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тоа му се потврди кон почетокот на 1941-та кога уште еднаш, овој пат, сосем лесно, му успеа да издејствува потпишување договор за уште еден мандат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Односите меѓу ЦК и гемиџиите најмногу се заостриле кон почетокот на 1903 година.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)