Пискулиев наоѓа извесно задоволство во оваа примена на своите знаења, зашто тој е свесен и за една основна слабост своја како специјалист, што толку му се одмаздувала на испитите: тој ги памети многу добро
сплетканите латински имиња, а не може да каже нешто сосем просто, не може да мине кон примената.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
По читањето на образложението, претседателот на Судот Едип-паша им се обратил на обвинетите: “Вие тукушто ја чувте пресудата со која се прогласувате за виновни за злосторствата што ги направивте; сега се пристапува кон примена на казнените одредби содржани во чл. 54 и 56 и дополнителниот параграф кон член 58 од Кривичниот закон...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)