кон (предл.) - промена (имн.)

Тие ги вдишуваат новите информации како што вдишуваат кислород.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овој киберкомуникациски процес толку брзо напредува, што за да се натпреваруваат, светскиот информациски пазар на 21-виот век, нациите, компаниите, дури и семејствата мораат да бидат сочинети од ориентирани кон промена, имагинативни индивидуалци кои се познавачи на комуницирањето низ новите киберелектронски технологии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Припадниците на новиот вид едноставно се многу попаметни од старата гарда.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби е тоа жедта кон промената. Онаа иста жед со која жителите на Градот на постојаната есен го исчекуваат избивањето на лисјата, иако лисјето се раѓа жолто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сакаше да докаже дека всушност ниту нештата ниту луѓето не се потполни заробеници на своите имиња и дека не мора да значи дека, ако некоја личност или објект го променат името, тоа обврзно води и кон промена на нивната суштина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не можејќи да ги игнорираат постојаните информации од страна на британските воени мисии и улогата на СССР во афирмирањето на НОВ и ПО на Југославија, СОЕ во средината на 1943 година пристапила кон промена на својата политика во однос на движењата на отпорот и народноослободителните движења.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)